Скандал: Позната водителка ги соблече гаќите во УЈП

Актерката и водителка на емисијата ДНК на ТВ Пинк Наташа Аксентијевиќ ги соблекла гаќите пред инспекторите во Даночната управа во Земун.
На овој чин актерката ја навела службеничката од оваа установа која не и верувала дека се породила минатата недела.
-Како слободен уметник, Наташа доѓла во Даночната управа да потпише некои документи зошто во моментов е на породилно боледување. Меѓутоа во канцеларијата се случил скандал. Водителката била изнервирана од страна на инспекторката која преку ред сакала да и заврши работа на својата колешка. Наташа љубезно и одговорила дека се брза дома зошто го оставила бебето старо само неколку дена и ја замолила другата странка да си чека на ред, вели соговорник за српски „Курир“.
-Госпоѓата не и поверувала дека е родилка, туку почнала иронично да се смее. Тоа дополнително ја изнервирало водителката, па се соблекла за да и покаже дека навистина се породила. Тогаш инспекторката ја замолила колешката да си замине од просторијата, вели изворот.
Наташа потоа ги потврди пишувањата во српските медиуми.
-Ние обичните граѓани, кои не познаваме никого во државните служби, со децении сме жртви на корумпираниот систем. По 25 дена собирање документација, одбиена сум за породилен надомест зошто ми недостасуваше еден лист. Се бара лично присуство и јас три дена по породувањето го донесов листот. На мојата молба да ми излезат во пресрет госпоѓата искоментира: Сите вие само што сте породиле!. Што друго човек да направи во момент на немоќ и бес освен да се понижи, вели Наташа.
Ново на Сител
-

Уставниот суд ќе одржи седница, првпат ќе се пренесува во живо
-

Собранието ќе избира заменици министри за одбрана и за образование
-

Претпладне сончево, попладне променливо облачно и ветровито
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
