Живот
27. January 2018 - 14:31

Скандал на изборот на најубава камила: Со ботокс им ги пумпале усните за да бидат поубави, 12 елиминирани

Дванаесет камили беа дисквалификувани на натпреварот за убавина во рамките на фестивалот Камила, кој се одржува во Саудиска Арабија секоја година во јануари, а од овај необичен натпревар беа елиминирана, бидејќи употребувале ботокс за да се разубават.

Наградите се богати - вкупна вредност од околу 46 милиони евра - па учесниците на натпреварот честопати прибегнуваат кон контроверзни методи со цел да освојат вредни титули.