„Скалила кон рајот“ самостојна изложба на Љупчо Бојаров

Академскиот сликар Љупчо Бојаров вечер во Културно-информативниот центар во Скопје ќе се претстави со својата 19-та по ред самостојна изложба насловена „Скалила кон рајот“.
Станува збор за нов циклус ликовни дела - објекти, изработени во жица, природен камен во барељев, стакло и трева.
- Во комбинација на овие материјали претставен е обид на ликовно остварување на емотивна материјализација на праисконското духовно воздигнување кон рајот, вели авторот Бојаров.

Изработката на делата, посочува авторот, се искусување низ нов медиум да се претстави постојаниот интимен творечки мотив.
Во каталогот за изложбата се поместени три цитати од Библијата на македонски, на грчки, на руски и на српски јазик. Изложбата „Скалила кон рајот“ е посветена на сестра Илијана, игуманијата Марковиот манастир - Свети Димитрија, еден најстарите и најзначајните македонски духовни, културни и просветителски центри.
По „Скалила на рајот“ ќе следува и изложба со која уметникот ќе се претстави со поголем формат на овие дела.
Изложбата ќе биде отворена вечерва во 20 часот во изложбениот салон „Империјал 1“ во Културно-информативниот центар во Скопје.

Љупчо Бојаров дипломира на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје во 1984 година, и оттогаш е член на ДЛУМ. Учесник е на стотина групни изложби во Македонија и во поранешна СФРЈ, почнувајќи од Скопје, Белград, Нови Сад, Сараево итн. Љубителите на уметноста имале можност, освен во Европа (Англија, Франција, Шпанија, Чешка, Словачка, Унгарија, Шведска, Италија) неговите дела да ги видат и во САД и во Египет.
Покрај самостојните изложби во Скопје, Бојаров повеќепати со свои дела гостувал во Белград, Будва, Малме и во други европски градови. Добитник е на повеќе награди на државно и на меѓународно ниво за најдобра графика, меѓу кои: „Св. Климент Охридски“, „Моша Пијаде, ДЛУМ”, „Emerging Artist” за графика на 5. Меѓународно анале, „Diploma of Eceleent”, „Гуте Аврамовски”, „Premio-Acuisto Del’ Aministracione comunale di RHO”, „XXXII Premio internazionale di grafika“ итн.

Ново на Сител
-

Скопје годинава одбележува сто години од Зоолошката градина
-

Хутите се заканија дека ќе го блокираат теснецот Баб ел-Мандеб покрај брегот на Јемен ако Трамп продолжи да го нарушува мирот
-

Мицкоски за кривичната пријава од СДСМ: Фокусиран сум на развојот на државата, партиите кои живеат во сопствените лаги ги разочаруваат граѓаните
-

Пезешкијан: Врз основа на какво злосторство Трамп ги оспорува нуклеарните права на Иран
-

Украина соопшти дека неутрализирала 203 од 236 дронови што Русија ги користела за напад во текот на ноќта
-

Гутереш го осуди нападот во кој беше убиен француски мировник на ОН во Либан
-

Украинската служба за безбедност го класифицира масовното убиство во Киев како „терористички напад“
-

Пожар кај Арбанашко, Старо Нагоричане изгореа сува трева, смрека и дабова шума
