СЈО: Зголемен бројот на барања за незаконски следени телефонски броеви

Специјалното јавно обвинителство денеска на својата објави дека е зголемен бројот на барања за незаконски следени телефонски броеви и дека до денеска се пристигнати 81 барање за вкупно 245 телефонски броеви.
- Секојдневно расте бројот на барања кои граѓаните ги упатуваат до ова Јавно обвинителство, а се однесуваат на незаконски следени телефонски броеви. До денес пристигнати се вкупно 81 барање со кои граѓаните се интересираат дали нивните телефонски броеви биле предмет на незаконско следење на комуникациите. Барањата се однесуваат за вкупно 245 телефонски броеви, стои во соопштението на СЈО.
Од СЈО ја информираат јавноста дека секое заинтересирано лице може да упати пишано барање до ова Јавно обвинителство во кое ќе го наведе телефонскиот број или телефонските броеви за кои се сомнева дека биле предмет на незаконско следење на комуникациите. Во барањето потребно е да бидат наведени и имињата на лицата кои ги користеле ваквите телефонски броеви и контакт податоците за лицата. Барањата можат да бидат доставени лично, по пошта или по електронски пат.
По однос на сите досега поднесени барања за проверки на телефонски броеви, од СЈО информираат дека истрагата е во тек и кога ќе бидат обезбедени сите докази, подносителите на барањата ќе бидат известени за резултатите од истрагата. - Во оваа насока појаснуваме дека лицата за кои ќе се утврди дека користеле телефонски броеви кои биле предмет на незаконско следење на комуникациите, како и лицата за кои ќе се утврди дека биле соговорник на незаконски следен телефонски број ќе бидат повикани во својство на оштетени лица, велат од СЈО.
Од Специјалното јавно обвинителство информираат дека наскоро ќе информираат за нивната работа и ќе обезбедат податоци како за одредени предистражни постапки и истражни постапки, така и за други предмети кои се во работа во ова Јавно обвинителство, како што е предметот познат во јавноста како „Пуч“.
Ново на Сител
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
-

Две лица од Крива Паланка, едниот од нив малолетник, физички нападнале службени лица од АХВ
-

Захарова: Европа ќе биде првата жртва ако Зеленски добие нуклеарно оружје
-

Мицкоски: Намалувањето на ДДВ дава резултат, во понеделник очекувам поевтинување на бензините
-

Трамп најави дека Куба е „следна“
-

Прекумерната тежина е сериозна хронична болест во Македонија
