Македонија
24. November 2016 - 15:02

СЈО го побара случајот „Сопот“

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) денеска соопшти дека на 4 овој месец до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е поднесено барање да им биде доставен предметот познат во јавноста како „Сопот“.

- Предметот е побаран со цел да одлучиме дали овој предмет спаѓа во надлежноста на Специјалниот јавен обвинител, имајќи предвид јавно објавен разговор од незаконски следените комуникации, соопшти СЈО.

На 4 март 2003 година џип на НАТО нагази на противтенковска мина на патот Сушево - Сопот. Загинаа двајца полски војници и еден македонски државјанин. За случајот „Сопот“ беа осудени 11 лица од истоименото село.