Ситуацијата во Венеција полека се нормализира

Венеција се враќа во нормала, откако поради плимата беше поплавена трипати во една седмица. Според метеоролошките прогнози нивото на водата се спушта, а денеска повторно се отворени училиштата, соопштија градските власти.
Околу 70 отсто од Венеција, која е под заштита на УНЕСКО, беше поплавена вчера, кога нивото на водата се искачи на 150 сантиметри над морето.
Плоштадот Свети Марко, најниската точка во градот, и натаму е поплавен и затворен за туристи, а стотици волонтери им помагаат на граѓаните да се соочат со оваа опасна и вонредна ситуација.
Сепак, новинските екипи известуваат дека во градот престојуваат голем број туристи, повеќе од очекуваното, кои носат високи гумени чизми за да можат да одат по поплавените области на градот.
Со четири плими над 140 сантиметри од понеделникот, изминатата недела беше најлоша од почетокот на мерењето на плимата во Венеција од 1872 година.
Градоначалникот Луиџи Бруњаро процени дека штетите од поплавите во градот изнесуваат околу една милијарда евра.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
