Македонија
25. November 2021 - 20:09

Сител сторија – грешка во чекирање му го спаси животот на Џафер Долек од Скопје

Среќа или судбина го спаси 30 годишниот Џафер од автобуската катастрофа во Бугарија. Погрешно товарени куфери е клучниот момент тој да остане жив. Наместо во автобусот кој изгоре, тој во последен момент поради багажот се качил во друг автобус на компанијата Беса Транс. Таткото  Екрем долек за сител ја раскажува неверојатната случка која е среќна околност што  му го враќа синот дома.

За случувањата слушнавме и лично од Џафер кој се уште е во шок и не се чувствува добро за да говори јавно. Тој вели дека сите патници се евидентирале на влегување па така неговото име е запишано во автобусот со кој пристигнал во Скопје. Тие биле први во колоната и со нив патувале  сопствениците на компанијата. Автобусот кој настрада возел зад нив. Моментот не го забележале бидејќи спиеле се до граница кога и дознаваат за трагедијата. Џафер раскажа дека не биле свесни што точно се случило, само слушнале дека еден автобус се запалил и има 40тина жртви а сопствениците нервозно го напуштиле автобусот и тргнале одма назад.

Момчето  вели веднаш почнал да ѕвони кај  пријатели кои биле во другите автобуси за да провери како се. Еден од нив е и таткото на најмладите жртви во трагедијата,  кој за жал  не му одговорил на повиците. Семејството Долек два дена е во шок истовремено среќни за синот Џафер но и тажни поради загубата на голем број пријатели од нивното соседство во Чаир.