СДСМ: Семејна фирма на Томовски добива милонски тендери од државата, Томовски најавува тужба за клевета
Семејна фирма на Ивица Томовски добива милионски тендери од државата.
СДСМ од денеска почнува со објавување на т.н нови бомби, документи со кои вели дека ќе ги открие сите криминали на власта. Опозицијата тврди дека фимра во сопственост на директорот на Службата за општи и заеднички рабори има добиено над 160 тендери тешки 5,5 милино евра за чистење и одржување хигиена од повеќе државни институции.
Со доаѓањето на ДПМНЕ на власт семејната фирма на Томовски ја зголемила својата деловна дејност за 306%!!! И тоа само во 2024 година. Случајно, им тргнало чистењето на буџетот. Само оваа 2025 година, фирмата добила 10 тендери од речиси половина милиони евра. Сопственик на Сити логистик во мометнот кога е основана е Витомир Томовски од Струга, татко на Ивица Томовски а управител Слободан Кутановски, нивни близок роднина. Потоа се менува името на фирмата, Сити аутсорсинг. Иста адреса, ист единствен матичен број на субјект, само со друго име, вели Александар Саша Димитријевиќ – член на ЦО на СДСМ.
Посочената компанија не е моја, ниту пак имам било каков удел во нејзе, клеветите на СДСМ се политчки очај пишува Томовски на фб.
Јас во моментов немам никака приватна компанија и единствено сум насочен кон мојата работа како директор на Службата за општи и заеднички работи. Целиот мој живот работам чесно, одговорно и посветено, така и ќе продолжам.
СДС ќе мора да се извини поради изнесените клевети, во спротивно ќе поднесам тужба пред надлежните органи. Слободно сите можни институции да проверат сè, а искрено од СДСМ не очекувам извинување затоа што за извинување потребна е доблест и морал, а тоа одамна видовме дека го немаат, пишува Томовски
Од СДСМ експресно му одговорија – на криминалци не им се извинуваме.
Заканите на Томовски не не плашат, туку не мотивираат, велат од опозицијата и најавуваат дека утре ќе објават нови детали за неговата семејна фирма.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
