„Сител со својата прослава изврши идентификација на духот на македонскиот народ“, реакција на проф. д-р Јованка Кепеска
„СИТЕЛ со својата синоќнешна музичка прослава на својата 30 годишнина од постоењето направи незаборавна вечер пред се преку музиката да ја изврши идентификацијата на духот на македонскиот народ. Се разбира и со извонредната интерпретација на носителите. Идеата беше „Другите пеат за нас“ но она што се случи, всушност, беше изведбата на македонската песна, (игра и музика). Кочо Рацин рече дека токму нашата песна е на еднакво квалитативно ниво како и другите облици на препознатливо уметничко творештво на другите народи, какви што се класичната музика и класичната литература преку кои ја вршат својата идентификација. И придонесуваат во општото богатство на универзалните вредности.
Да се потсетиме композиторот Едвард Григ ја изврши идентификацијата на норвешкиот народ; Бела Барток, највероватно најуспешно, ја изврши идентификацијата на Унгарците; филозофијата и Бетовен на Германците; социјалистичката литература и Оноре де Балзак на Французите...
СИТЕЛ создаде извонредно дело кое беше препознатливо кај секој од нас, Македонците, преку кое секој од нас како да говореше. Благодарност што ни го овозможивте чувството на поистоветување.“, пишува универзитетската професорка Кепеска по повод отворената програма 30 години Сител.
Ново на Сител
-
Израелскиот министер за одбрана, Кац го обвини Хезболах дека не ги почитува условите од договорот за прекин на огнот
-
Опожарено возило во Битола
-
Руско МО: Соборени 61 дрон над неколку руски региони, повеќе од половина во Ростовска област
-
Тешко повредена 72-годишна жена во сообраќајка во Прилеп
-
Пронајдена марихуана во домот на 52-годишен струмичанец
-
Тепачка пред казино во Неготино
-
Град Скопје: Засилен инспекциски надзор со цел намалување на аерозагадувањето, минатата недела изречени казни за над 20 сторители
-
Во Скопје утре посебен сообраќаен режим по повод празникот Бадник