Македонија
1. March 2021 - 16:54

Сите тврдат дека во ДУИ има единство, координаторот и денеска не дојде во парламентот

Сите 62 пратеници со кои располага власта во парламентот во наредниот период ќе доаѓаат на работа, а неделава ќе се одржи и седница, тврди премиерот Зоран Заев по недоразбирањата кои се појавија во пратеничката група на ДУИ по што Собранието повеќе од три недели не може да отвори нова пленарна седница заради немање на кворум. Изјавата за Заев стигнува по онаа на лидерот на ДУИ Ахмети дека проблемите се надминати на претседателството на партијата.

Веќе подолг период во парламентот не се појавува координаторот на пратеничката група на интегративците Изет Меџити следен од уште пратеник до два наводно барајки смена на дел министри од ДУИ. Заев вели дека до сега промена во владините редови на ДУИ не е побарано.

Но, како што потврдија од кабиентот на собранискиот спикер Џафери, Меџити и денеска не дошол на редовната собраниска координација. На состанокот засега било испланирано само продолежние на почната седница, за што нема да биде неопходно присуство на најмалку 61 пратеник доколку не се носат одлуки.

Од опозицијата велат со вакво мнозинство време е за предвремени избори.

Муцунски вели дека опозицијата и понтаму ќе стои на располагање за кворум и гласање за сите оние економски мерки поврзани со пандемијата кои треба да им помогнат на граѓаните и фирмите.