Сите пристапни улици до штипската Клиничка болница ќе се реконструираат
Сите пристапни улици до Клиничка болница-Штип ќе бидат реконструирани, подготвителните градежните активности почнуваат од денеска најави градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Тој истакна дека од буџетот на Општина Штип се издвоени нешто повеќе од два милиони денари за асфалтирањето на улиците, кои што од кога ќе има подобри временски температури ќе бидат нанесени со асфалтна маса.
-Се наоѓаме во кругот на Клиничка болница-Штип, овде деновиве ќе се работи на припрема за асфалтирање на сите пристапни улици и улиците во кругот во рамки на Клиничка болница-Штип. Состојбата со инфраструктурата во болницата е повеќе од евидентна, затоа што повеќе од 60 години откако е изградена оваа инфраструка овде, никој до сега нема направено поместување на работите во делот на инфраструктурата. Во разговор со директорот на болницата одлучивме да направиме позитивни промени во рамки на постоечката инфраструктура, имајќи во предвид дека очекуваме во месеците кои што следат да се започне со активности за доизградба на новата зграда на Клиничка болница-Штип, изјави Јорданов.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев истакна дека со градежните активности граѓаните ќе имаат два влеза до болницата, со подобра пристапност.
-Веќе дојде и таа прва етапа припрема на самиот круг на болницата за последователно при подобрување на временските услови за асфалтирање на самиот круг. Со ова граѓаните ќе добијат два влеза за подобро функционирање и подобра ристапност, вели Захариев.
Ново на Сител
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола
-
Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија
-
Пандов - Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки
-
Следната недела ќе се носат мерки за намалување на цените
-
Традиционално закројување на лозје во винаријата Монтеко – Кратово
-
Валентајн: Празник на љубовта или потсетник на осаменоста?
-
СДСМ не дава поддршка за промена на државниот грб
-
Таравари: Етничките прашања можат да се решат во пакет со химната и државниот грб