Балкан
19. May 2020 - 11:18

Сите полнолетни Словенци од државата ќе добијат ваучер од 200 евра за летување

Со цел поддршка на граѓаните и локалниот туризам, Владата на Словенија одлучи на сите полнолетни граѓани да им додели ваучери од 200 евра, кои ќе можат да се искористат за летување во земјата.

Вакви ваучери ќе добијат и пензионерите и независните земјоделци. Според премиерот Јанез Јанша, намената на овие ваучери е да се плаќа и финансиски помогне сместувањето на граѓаните во туристичките објекти во Словенија.

Според најавите истите не можат да се користат за плаќање во ресторани или други угостителски објекти.

Туристичката дејност во Словенија е една од најпогодените до епидемијата на новиот коронавирус, а најголем дел од луѓето кои изгубија работа се токму од тој сектор.