Сите мислат дека добрите возачи се и добри луѓе, но науката вели нешто друго
Дури 98 отсто луѓе веруваат дека се наоѓаат во половината од популацијата која е „многу пристојна”, но работите не се толку едноставни, покажа истражувањето на проф. по психологија на Универзитетот во Лондон, Џонатан Фримен.
Фримен бил ангажиран од една авио-компанија за да го тестира својот персонал, а првото прашање било да се „оцени нивото на својата пристојност”.
Многу ретки биле тие кои за себе не дале висока оценка, но тие кои самите се оцениле позитивно, следното прашање ги ставило во дилема – морале да кажат дали застануваат да помогнат на непознати лица, дали доброволно даруваат крв и слично.
- Постои очигледна општествена желба кај луѓето за себе да мислат дека се пристојни, но тоа не е баш толку едноставно, вели Фримен.
Луѓето сакаат да си ласкаат, но и да се лажат самите и на други начини, пренесува „Гардијан”. Во рамки на едно истражување направено во САД, на испитаниците им биле прикажани портрети направени на компјутер.
На луѓето малку им било менувано лицето за да изгледаат во една верзија поатрактивни, а во друга помалку атрактивни. Кога од испитаниците било побарано да ги идентификуваат оригиналите, тие најчесто меѓу сопствените портрети ги бирале тие кои биле дигитално разубавени, додека за другите луѓе по правило бирале фотографии на кои дигитално биле направени „грди”.
Слично е и со возењето – некои истражувања покажуваат дека само еден од десет возачи не смета дека е натпросечно добар зад воланот.
Ново на Сител
-
Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV
-
Прв говор на папата Лав Четрнаести: Бог нè сака сите, безусловно
-
Девизните резерви на крајот на април 4,77 милијарди евра
-
Македонските ракометари ја совладаа Естонија во евроквалификациите
-
Американецот Роберт Превост е новиот папа, со избрано име Лав 14
-
Кардиналот Ре се надева дека вечерва ќе биде избран новиот папа
-
Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара
-
Кривична против 39-годишник, ја следел неговата поранешна партнерка и упатувал закани преку пораки