Сите градски улици и булевари се проодни еден час по невремето
Сите градски улици и булевари се проодни еден час по завршувањето на бурата. Сите пожари се изгаснати, паднатите дрвја отстранети, а единствено останува дорасчистувањето по општинските улици каде интензивно работиме заедно со општините, изјави началникот на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, Емил Дуровиќ.
По невремето со интензивни врнежи и силен ветер што го зафати Скопје и регионот, како што рече Дуровиќ, веднаш бил одржан состанок на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, на кој учествувале претставници од Градот Скопје, јавните претпријатија и Противпожарната бригада на Скопје за координирање на активностите за побрзо отстранување на настанатите проблеми.
- На мерната станица во Зајчев Рид, за 25 минути се измерени 11 литри на метар квадратен. Имајќи предвид дека стануваше збор за пороен дожд, во делови од градот овие количини се и поголеми. Ветерот дуваше со брзина од над 80 километри на час. Невремето предизвика наместа поплавени улици, десетици паднати дрвја, откорнати кровови, билборди, прекинати електрични кабли, а на територијата на градот се регистрирани и неколку помали пожари, рече Дуровиќ.
Тој ги повика граѓаните доколку имаат штета или некаков проблем да се пријават на телефонскиот број 195.
Одговарајќи на новинарско прашање, Дуровиќ рече дека граѓаните кои претрпеле штета од невремето нема да бидат обесштетени зашто според УХМР ветрот дувал со брзина од над 80 километри на час, а тоа се води како непогода.
- Доколку брзината на ветрот е под 72 километри на час штетата ја надоместуваат јавните претпријатија, а над оваа брзина се води како непогода и тоа значи дека нема да бидат обесштетени, рече Дуровиќ.
Градоначалникот Петре Шилегов повикувајќи се на информации од УХМР, истакна дека попладнево по 16 часот се очекуваат нови врнежи, но не со толкав интензитет и дека подземната инфраструктура и канализациската мрежа се подготвени да ги примат
Ново на Сител
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
-

Мицкоски: Владата ќе интервенира со дополнителни мерки, една од опциите е и повторно намалување на ДДВ за горивата
-

Општина Аеродром со јавен повик за пријавување штети од силното невреме
-

АХВ: Угостителските објекти во Гостивар ја почитуваат забраната за користење на водата
-

Син го претепал таткото и му се заканувал дека ќе го убие
-

Владата ќе ги обесштети штетите од невремето, граѓаните да поднесат пријави
-

Татко без согласност ја одвел 10-месечната ќерка во Швајцарија
-

Ја претепал сопругата, па и се заканил со палење на куќата - ОЈО бара притвор
