Сиси го предупреди Иран да не се меша во регионалните прашања

Претседателот на Египет Абдел Фатах ел Сиси изјави дека Иран мора да престане да се меша во прашањата на регонот на Блискиот Исток, нагласувајќи дека не сака војна и оти кризата може да биде решена со дијалог, но дека безбедноста на заливските земји не смее да биде загрозена.
- Јас сум против војна, можеме да ја решиме кризата со дијалог. Заливската безбедност е црвена линија и другите мора да престанат да се мешаат во нашите работи и да не предизвикуваат ескалација на тензиите, истакна Сиси.
Иран вчера го отфрли обвинението од саудискиот принц престолонаследникот Махамед бин Саламан, кој тврди дека Техеран покренал „директна воена агресија“, откако противвоздушната одбрана на Саудиска Арабија пресретна и уништи балистичка ракета која врз Ријад била истрелана од страна на пиитските бунтовници Хутите, кои контролираат голем дел од Јемен.
Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зафир при телефонскиот разговор со неговиот британски колега Борис Џонсон наведе дека „обвиненијата на саудиските претставници немаат врска со реалноста“.
Принцот Саламан претходно, како што јави МИА, изјави дека тоа што Иран ги снабдува со ракети јеменскоте шиитски бунтовници, е акт на „директна воена агресија“, која би можела да биде и „акт на војна“.
Тој ја даде оваа изјава откако силите за противвоздушна одбрана на Саудиска Арабија ја пресретнаа и уништија балистичката ракета, што ја истрелаа Хутите кон Ријад.
Иран, обвиненијата дека е виновен за истрелувањето на балистичката ракета од Јемен кон Ријад, ги отфрли како „неодговорни и провокативни“.
Ново на Сител
-

На ГП „Богородица“ се чека околу 15 минути
-

Денес сончево со локална облачност
-

Илон Маск: УСАИД беше политичка организација, никој не умре што ѝ ги скративме парите
-

Ги тепале сопствените мајки: 34-годишник бидејќи не му дала пари, 24-годишник ја влечел заглавена за врата од кола
-

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони
-

Фатени на камера, со натписи „УЧК“ вандализиран Српскиот културен центар во Куманово | ВИДЕО
-

Поскапува парното во Скопје, новите цени важат од 1 август
-

Ќерката на Гоце Тодоровски: Уште кога си замина кумац Ванчо, замина и дел од тебе, сега барем знам дека сте заедно
