Сириза со блага предност пред Нова демократија пред утрешните избори во Грција
Последните анкети, направени пред изборниот молк во Грција кој почна синоќа на полноќ, покажуваат блага предност за Сириза пред Нова демократија.
Синоќа беа објавени резултатите од шест анкети кои, како и досега, покажаа дека двете главни партии Сириза и Нова демократија, вкупно ќе добијат 62 до 63 отсто од гласовите, а првата партија ќе има предност од два до три проценти пред втората. Поради поделеноста што ќе се создаде во парламентот, без разлика која партија да победи, ќе мора да формира коалиција со една една или две помали партии за да обезбеди мнозинство.
Според аналитичарите, последните анкети, со оглед на тоа што предноста на Сириза пред Нова демократија е зголемена на 2,5 од 0,6 отсто, ги потврдуваат тврдењата на Ципрас дека има многу „тивки поддржувачи“ кои ќе гласаат за неговата партија.
- Има гласачко тело што е под радарот, тоа се уште не е откриено, изјави Ципрас.
Сириза синоќа ја заврши предизбората кампања со митинг во центарот на Атина. Ципрас во последниот предизборен говор рече дека изборите во неделата се можност „да се закопаат грчките корумпирани политички елити кои ја потонаа земјата во долгогодишна финансиска криза“.
Тој ги повика гласачите да ја искористат историската шанса што им е дадена. - Изборот со кој се соочувате е да се вратите назад или да продолжиме да се бориме заедно, им порача Ципрас на гласачите.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола
-
Мицкоски му одговори на Ахмети - Наместо за избори, подгответе се за одговорност
-
СДСМ бара поддршка за законските измени