Сириските бегалци се вклучија во справувањето со поплавите во Грција

Десетици сириски бегалци, коишто се привремено сместени во камп близу градот Трикала во централниот дел на Грција, се вклучија во снабдувањето со питка вода во поплавените села во таа област, јавува весникот „Катимерини“.
Десетици села во околината на Трикала останаа без питка вода, откако поројни дождови во саботата го поплавија водоводот, како и стотици хектари земјоделски површини. Локални медиуми јавуваат дека десетици Сиријци им се приклучиле на доброволците, општинските службеници и специјалните екипи на компанијата за водоснабдување во разделбата на шишиња питка вода по домовите.
Општината Трикала вчера издаде и специјална благодарница до бегалците за укажаната помош, додава весникот.
„Од ужасите на војната во доброволечки труд во поплавените села во општината Трикала. Од бомби и крвопролевања во опустошени живеалишта. Доброволниот труд, актот на несебичност и грижа за ближниот триумфираа во саботата", стои во пофалното соопштение упатено кон бегалците во општината Трикала.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Се воспоставува ред на „Пластичарска“, се постапува и на Зимзоленд, немаат дозвола за вршење дејност
-

Осомничениот за убиството на Чарли Кирк денеска треба првпат да се појави пред суд
-

Во Центар Жупа изградено првото детско игралиште
-

Одбраната на обвинетите пазарни инспектори за случајот „Пулс“ тврди дека се пласираат неточни информации за институционалната одговорност и правниот статус на објектот
-

Бугарската влада на Росен Желјасков поднесе оставка по жестоките протести поради законот за буџет
-

Полицијата во Софија приведе 57 демонстранти, откриени ножеви, „боксирачи“ и пиротехника
-

Аљбан Кадриу, предложен за нов член на Судскиот совет
-

АВМУ го осуди насилниот упад во Инфомакс
