Сирискиот режим ја врати контролата во Палмира
Сириската армија ја врати контролата врз градот Пламира, откако ги протера џихадистите од групацијата Исламска држава, кои го контролираа античкиот град околу една година, изјави сириски воен извор, јави БТА.
По жестоките борби во текот на ноќта армијата веќе целосно го контролира градот Палмира, вклучувајќи ги античкиот објект и градскиот дел.
Според изворот џихадистите се повлекле од градот.
Руските воздушни сили извршиле во период од 24 часа 40 напади врз цели во околината на Палмира во сириската провинција Хомс, соопшти вчера руското Министерство за одбрана.
- Нападите се извршени врз 158 објекти на терористите, што резултираше со уништување на сто џихадисти, четири тенка, три артилериски парчиња, четири складишта за муниција и пет возила, се наведува во соопштението објавено на сајтот на руското Министерство за одбрана.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло