Сириската опозиција ги поддржа на мировните преговори во Астана
Сириската опозиција денеска соопшти дека ќе ги поддржи преговрите за ставање крај на војната во Сирија меѓу властите во Дамаск и бунтовничките групи, што треба да започнат на 23 јануари во казахстанскиот главен град Астана.
Мировните преговори за Сирија во Астана ќе се одржат под покровителство на Русија, Турција и Иран.
Во денешното соопштение на Високиот комитет за преговори, во кој се вклучени најголемиот број од сириските опозициски групи, се изразува надеж дека преворите во Астана ќе доведат до зацврстување на кревкото примирје во Сирија.
- Напорите за оставрување успешни резултати од преговорите во Астана, може да го трасираат патот за политичките прегоовири предвидени за во Женева во февруари, се наведува во соопштението на Комитетот, издадено по средбата на сириските опозициски групи што се одржа денеска во саудискиот главен град Ријад.
Ново на Сител
-
Приватните специјализанти очекуваат новиот министер веднаш по назначувањето да ги повика на разговори
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени
-
Прегазена малолетничка во Штип
-
Куманово: Приведен 38 годишник кој допирал три малолетнички по телото
-
7-месечно бебе од Вевчани починало откако паднало на глава од креветче
-
Монструмот откако ја убил малата Данка седнал да руча во летниковецот
-
Пронајдено бебе во контејнер во близина на Загреб
-
173 санкции за брзо возење