Сириската армија започна нова офанзива против бунтовниците во Алепо
Сириските владини сили синоќа соопштија дека почнале нова офанзива против бунтовниците во источниот дел на градот Алепо.
Во соопштението на армискиот Генералштаб, што го пренесоа сириските државни медиуми, се упатува повик до цивилното население во тој дел на Алепо да ги избегнува реоните каде има „терористи“.
Освен тоа, армијата најави дека ќе бидат воспоставени коридори, преку кои цивилите, но и бунтовници кои ќе сакаат да се предадат, ќе можат да го напуштат делот на Алепо под контрола на бунтовничките сили.
Западните медиуми оценуваат дека ваквото соопштение на владините сили најверојатно ќе значи и зајакнување на воздушните напади на руските и сириските авиони врз позициите на бунтовниците, кои веќе и онака беа интензивирани во претходните 24 часа.
Ново на Сител
-
Респираторните инфекции ги полнат педијатриските амбуланти и клиниките!
-
Преглед на вестите од свет
-
Евиденција на основните средства на јавните комунални претпријатија
-
Дали ќе поскапи струјата?
-
Весна Дамева си поднесе оставка
-
Бајрами: Запален е мојот автомобил
-
Верските лидери повикуваат на смиреност
-
Со намалени цени во зима до повеќе туристи