Сириска група ги има телата на петмината Руси од урнатиот хеликоптер и сака да ги размени за заробеници

Досега непозната сириска бунтовничка група соопшти дека ги има телата на петмината Руси, кои беа убиени при соборувањето на нивниот хеликоптер и побара нивна размена за заробеници, пренесоа британските медиуми.
Бунтовниците во понеделникот соборија руски воен хеликоптер во провинцијата Идлиб, при што беа убиени сите пет лица во него.
Ова е најголемата официјално призната загуба на руските воени сили од почетокот на нивните операции во Сирија.
Барањето е упатено од група која се претставува како „Заедничка фондација за прашањата на затворениците“. Групата бара ослободување на затвореници, кои се држат во затворите на сириската Влада и од нивниот либански шиитски сојузник, движењето Хезболах од Либан. Не се наведува за колку затвореници станува збор или за колку од нив ќе се разменат телата на петмината убиени Руси.
Групата, исто така, бара прекин на блокадите на реоните, опколени од сириската армија и нејзините сојузници, како и испорака на хуманитарна помош за луѓето во опколените региони.
Во соопштението на групата се покажани и лични карти на убиените Руси.
Руското Министерство за одбрана во понеделникот соопшти дека военотранспортен хеликоптер „Ми-8“ бил соборен по испораката на хуманитарна помош во Алепо на враќање кон руската база во провинцијата Латакија.
Ниту една група не ја презеде одговорноста за соборувањето на хеликоптерот.
Русија и Сирија засега не го коментираат барањето за размена.
Ново на Сител
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
