Свет
7. April 2017 - 10:16

Сириска армија: Шест жртви во американскиот ракетен напад врз базата на ВВС

Сириската армија соопшти дека шест лица загинале во американскиот ракетен напад извршен денеска врз база на ВВС во Сирија.

Либанската телевизија Ал Мајадин претходно јави дека Командата на сириската армија евакуирала голем број борбени авиони од таа база пред да биде погодена од американски ракети.

Педесет и девет ракети Томахавк се испукани синоќа од два воени брода на армијата на САД врз сириски воен аеродром и други цели, соопшти Пентагон.

- Тие ракети беа насочени кон авиони, зони со нафтени и логистички складишта, бункери за муниција, системи за ПВО и радари, изјави портпаролот на Пентагон, Џеф Дејвис.