Сирија: Одговорноста за нападите во Хомс ја презеде фронтот Фатех ал Шам

Сирискиот фронт Фатех ал Шам ја презеде одговорноста за денешните самоубиствени напади во Хомс, што се наоѓа на 165 километри од Дамаск.
Според наводите на Фатех ал Шам петмина нејзини припадници учествувале во два напади во центарот на градот.
При два бомбашки напади извршени од бомбаши-самоубијци во штабот на владините безбедносни сили во градот Хомс во централна Сирија убиени се најмалку 42 лица, а десетици се повредени, јави сириската државна телевизија.
- Во зградата во центарот на третиот по големина град во земјата се наоѓаат канцелариите на службата за државна безбедност и на военото разузнавање на режимот на Башар ал Асад, изјави Рами Абдел Рахман, директорот на Сириската опсерваторија за човекови права.
Рахман наведе дека во нападот учествувале најмалку шест лица.
Освен експлозиите се слушало и пукање, а при нападите бил убиен и висок офицер.
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
