Свет
17. December 2015 - 19:32

Синот на Гадафи киднапиран и крвнички претепан во Либан!

Синот на поранешниот либиски претседател Моамер Гадафи, Ханибал е киднапиран во Либан. Како што пренесува АФП повикувајќи се на сигурни извори киднапирањето се случило во Бејрут.
 
Видеото од претепаниот син на Гадафи го објавила локалната телевизија Ал Џадид повикувајќи ги сите оние кои имаат информација за Имам Муса ал Садру.
 
Ханибал Гадафи е петтиот син на поранешниот либиски лидер и тоа од втората жена, Сафија Фаркаш.
 
Го напуштил Триполи во 2011 година, заедно со други членови на семејството, а подоцна добил политички азил во Оман.