Македонија
22. јуни 2020 - 10:54

Синот на Амди Бајрам во пијана состојба направил сообраќајка, потоа со боксови ги нападнал присутните

Вистински хаос се случувал вчеравечер на булеварот „Партизански одреди“, во близина на хотел „Карпош“.

Од лицата кои се нашле на местото, возило кое движело со брзина над пропишаната, собрало две други возила по патот и предизвикало верижен судир, пишува „Република“.

Возачот на „масерати“ возилото бил Г.Б., син на политичарот Амди Бајрам, кој бил во видно алкохолизирана состојба.

Според очевидците, откако ги оштетил останатите возила и предизвикал сообраќајка, Г.Б. излегол од своето возило и со боскови ги нападнал присутните.