„Синофарм“ гради нова фабрика за вакцини во Вухан
Кинеската компанија „Синофарм“ ќе почне со изградба на нова фабрика за производство на вакцини во Вухан, град за кој се тврдеше дека е епицентар на коронавирусот, а во која се верува дека ќе може да произведува милијарда дози годишно.
Британските медиуми пренесуваат дека кинескиот Институт за биолошки производи во Вухан не прецизираше кога фабриката ќе почне да работи со полн капацитет.
Најавата за изградба на фабриката е голем проект на „Синофарм“, што е поддржан од државата, со цел да се направат три милијарди дози вакцини годишно.
Институтот за биолошки производи во Пекинг, каде „Синофарм“ веќе има фабрика, исто така, може да произведе милијарда дози годишно и да изгради нов производствен капацитет.
Кина досега одобри три вакцини против Ковид-19 за општа употреба: Синофарм, Синовак, КанСино и уште три вакцини од домашно произведство за итна употреба.
Ново на Сител
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
-

АХВ продолжува со вонредните инспекциски контроли на зелените пазари - запленети уште 5 тони небезбедна храна
-

Преглед на вестите од светот
