Сингапурските власти повикаа на смиреност во врска со коронавирусот

Сингапурските власти денеска повикаа на смиреност по бранот панично купување во супермаркетите поради страв од ширење на новиот коронавирус.
На социјалните мрежи беа објавени фотографии од граѓани на Сингапур кои купуваат огромни количини тоалетна хартија, конзервирана храна, инстант тестенини и друга храна.

Премиерот на Сингапур, Ли Хсиен Лунг изјави дека не е потребна паника и оти нема да има недостиг на храна. – Ние нема да го заклучиме градот и да им кажеме на сите да не ги напуштат своите домови, рече Ли.
Сингапур, од претпазливост, го зголеми нивото на здравствена тревога, како и во 2009 година, за време на епидемијата на грипот Х1Н1.
Ли рече дека Сингапур е многу подобро подготвен по епидемијата на САРС во 2003 година, кога 33 луѓе починаа во градот од оваа болест.
Тој ги замоли граѓаните на Сингапур да имаат храброст, предупредувајќи дека „стравот може да направи поголема штета отколку вирусот“.
– Сегашната епидемија е вистински тест за нашата социјална кохезија и психолошка отпорност, потенцираше Ли.
Ново на Сител
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
