„Синеуропа“ ја промовира Македонија како дестинација за снимање филмови
Влијателната интернет страница Cineuropa.org, специјализирана за вести, интервјуа, бази на податоци и истражувања за аудиовизуелната индустрија во Европа објави и статија за филмот „А фонд“ на младиот, но афирмиран француски режисер Никола Бенаму, кој токму Македонија ја избра за една од локациите на кои ќе се снима неговото најново филмско остварување.
„Синеуропа“, како една од најпознатите европски платформи каде што професионалците имаат можност да разменат информации и идеи и да се запознаат со новитетите од европската филмска индустрија, пишува дека голем број од сцените на филмското остварување на продукциските куќи од Франција „Шик филмс“ и „Ла петит Реин“, освен во Франција, ќе се снимаат и на локации во Република Македонија.
- Со презентирањето на оваа информација, пред широката милионска читателска, но и професионална јавност која секојдневно ги проследува вестите на овој реномиран медиум, Република Македонија се претставува како нова и атрактивна филмска дестинација на мапата на светската филмска индустрија и како земја која големите продукции од Франција ја избираат за снимање на нивните остварувања. Во продукцијата на филмот „А фонд“, вклучени се повеќе од 100 професионални работници од Франција и околу 400 филмски работници, статисти и придружни соработници од Република Македонија, кои преку оваа соработка имаат исклучителна можност да разменат искуства со врвните филмски професионалци од француската кинематографија, информира Министерството за култура.
Првиот европски портал „Синееуропа“, кој е достапен на четири јазици, во статијата ги изразува и своите позитивни очекувања дека и новиот филм на Бенаму ќе биде голем хит како и неговите претходни филмови, судејќи и по докажаните актерски имиња, кои ќе не водат низ филмската приказна. Во статијата, „Синееуропа“ нагласува дека „А фонд“ ќе биде четврти долгометражен филм зад кој се потпишува Бенаму, по филмот „Да се додава масло на огнот“ од 2011 година, анимираниот игран филм за деца „Бејбиситинг“ кој изминатата година уриваше рекорди во киноблагајните со продадени над 2,3 милиони билети и последното филмско остварување „Бејбиситинг 2“, чија премиера е закажана на 2 декември годинава.
Ново на Сител
-
Зеленски: Некој што сака преговори намерно не пука во луѓе со балистички проектили
-
Од полноќ поевтинуваат горивата
-
Кремљ: Важно е некој да го принуди Зеленски да го промени својот став
-
Почина актерот на Велешкиот театар Самоил Стојановски
-
Фон дер Лајен утре ќе објави план за „ревооружување на Европа“
-
Релиќ и Георгиевски освоија бронзени медали на турнир во Бугарија
-
ЕУ нема да ги исполни целите за намалување на загадувањето до 2030 година
-
Отворено писмо на поранешните полски дисиденти до Трамп: Го испрашувате Зеленски како што ние бевме сослушувани од комунистичките судови и полицијата