Бизнис
14. May 2020 - 16:32

Синдикатот тврди, ако се почитуваат мерките за заштита нема да има ниту повредени работници

И да е висока 100 метра градбата, ако објектот е обезбеден и ако работникот ја има целосната опрема, најмногу што може да се случи е мал инцидент со евентуални лесни повреди. Синдикатот на градежниците смета дека законската регулатива во земјава сосем солидно ја покрива материјата, проблем е нејзниото спроведување од страна на фирмите, но пред се надзорот од страна на државата, конкретно трудовиот инспекторат. 

Во вчерашниот билтен на МВР имаше два случаи пријавени во исто време за паднати работници од градежни објекти. И двајцата се со тешки телесни повреди, хоспитализирани. Синдикалецот Пешевски објаснува дека во земјава градилиштата се сосем отворени што е и причина за ваквите инциденти, кои не ретко завршуваат и фатално.

Државниот инспекорат за труд се уште ги утврдува фактите за последните настани. Кога ќе биде готов записникот ќе се знае дали градилиштата биле обезбедени и дали работниците биле пријавени. Сепак, синдикатот смета дека голем дел од градежните работниците во земјава работат на црно.

Според годишниот извештај на Здружението за заштита при работа лани во земјава имало 178 несреќи при работа. Од нив 25 завршиле со смрт на работникот.