Синдикатот на администрација и државна управа при КСС обвинува за притисоци врз синдикалните лидери
Синдикатот на администрација и државна управа при Конфедерацијата на слободни синдикати обвинува дека се вршат притисоци врз претседателите на синдикалните организации во јавната администрација.
Како најнов случај денеска на прес-конференција беше посочен отказот од работа што го добил претседателот на синдикалната организација на Агенцијата за вработување, Спасе Николов.
Тој, како што изјави на прес-конференцијата, бил изложен на притисоци и дискриминација од неговото назначување за претседател на синдикалната организација, а посочи и дека во Агенцијата за вработување била оневозможена работата на синдикатот бидејќи паралелно е формиран уште еден синдикат во кој членуваат сите нововработени на кои со самото вработување им се давале пристапници за членство во синдикатот.
– Неколкупати бев распореден на различни работни места, но не реагирав затоа што тоа го сметав за ситна провокација, рече Николов, додавајќи дека против него била поднесена и дициплинска постапка.
Во Агенцијата за вработување, според тврдењето на Николов, бил распишан и оглас за вработување на 14 лица на работни места кои претходно биле испразнети затоа што вработените биле прераспеделени на други места.
Конфедерацијата на слободни синдикати денеска повтори дека не се согласува со трансферот на вработени од јавниот во приватниот сектор и побара замрзнување на вработувањата во јавниот сектор. Се пожалија и на ниските плати кои, како што рекоа, се движат во просек околу 17.800 денари. Следниот протест го најавија за 26-ти следниот месец во Штип. Тоа ќе биде втор протест по оној одржан во Прилеп.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово