Симулациска вежба за справување со кризни состојби во Скопје
Во СУГС „Георги Димитров“ денеска беше успешно спроведена тактичко показна вежба за проверка на учениците и персоналот за организирање и планско постапување во случај на итна ситуација, како и проверка на подготвеноста на службите за итен одговор во услови на елементарни непогоди и други кризни ситуации и нивниот капацитет за спроведување на оперативните мерки и активности.
Тактичко показната вежба е дел од заедничките проектни активности на Министерството за образование и наука, Град Скопје, Центарот за управување со кризи и УНДП за подигнување на подготвеноста на учениците за справување со елементарни непогоди и кризни состојби.
Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски рече дека денешната активност изразена преку тактичката вежба има за цел да ја провери подготвеноста на учениците и наставно-техничкиот персонал за организирано постапување во кризна состојба, односно земјотрес, пожар и проверка на планската документација на училиштето за постапување во итни случаи, како и проверка на службите за итен одговор во услови на елементарни непогоди и други кризни ситуации.
- Оваа вежба е прва од ваков вид во Градот Скопје и претставува можност за нејзино реплицирање и надградување и во останатите 21 средно училиште во градот, како и на институциите под негова надлежност. Отпорноста на учениците, вработените, граѓаните покрај едукацијата се постигнува и со редовни симулациски и показно-тактички вежби, нагласи Трајановски.
Претставникот на УНДП во Македонија Александро Фракасети истакна дека денешната вежба покажува како знаењето спасува животи, како и дека еден долар вложен во превенции спасува седум долари за санирање на штети поради што е важно да се инвестира денеска за побезбедно утре.
Директорката на Центарот за управување со кризи Сузана Салиу порача дека секое навремено интервенирање во однос на ризиците секогаш ќе значи и помали последици.
Тактичко показната вежба за кризни состојби беше поделена во неколку сцени, како симулација на земјотрес и давање на сигнал за општа опасност; евакуација на учениците, наставниците и другиот персонал од училишната зграда; организирање на мобилизациските собиралишта; гаснење на пожар во просториите на училиштето; упад на пожарникари преку главен влез и акција за евакуација на повредени и неповредени лица од горните катови на училиштето.
По усшеното спроведување на вежбата директорот на СУГС „Георги Димитров“ Саша Стојменов додели благодарници на учениците и се заблагодари за укажаната доверба.
Ново на Сител
-
Новите сириски власти на три месеци ќе ги „замрзнат Уставот и парламентот“
-
Синот на Трамп објави монтирано видео од неговиот татко како го клоца Зеленски во глава
-
Магазинот „Тајм“ го избра Трамп за личност на годината
-
Во израелски напади во Појасот Газа загинале 38 лица
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Кривична пријава против три физички и две правни лица, го оштетиле државниот буџет за 5,768,612 денари
-
Папата Франциск во пораката за Светскиот ден на мирот повика на простување на долговите и на помирување
-
Андоновски: Фокусот не треба да биде на забрана на апликациите, туку на едукација на децата и родителите