-->
-->
Симулациска вежба за прва помош при скршеници
-->
Отсекот за превенција од СВР Куманово и волонтери од општинската организација на Црвениот Крст, денеска во Куманово организираа симулациска вежба - укажување прва помош при скршеници.
Показната вежба беше согласно предвидената програма за работа на СВР и на Црвениот Крст.
- Колегите од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај по случаен избор запира возач на патничко моторно возило, го контролира и замолува да укаже прва помош на повредено лице при сообраќајна несреќа кое активистите на Црвениот крст ја спроведуваат, односно се во улога на повредено лице. Секоја година поентата на оваа акција е да се потсетат возачите на моторните возила што е нивната обврска и која е улогата во случај на сторена сообраќајна несреќа, изјави Марјан Павличек, самостоен инспектор за сообраќај од отсек за превенција од СВР Куманово.
Возачите избрани по случаен избор активно се вклучија во вежбата, дел од нив покажаа солидни познавања за санација на повреди здобиени во сообраќајка, а дел признаа дека им е потребна дополнителна едукација.
Волонтерите од Црвениот крст ги потсетија учесниците во сообраќај како да санираат повреди. Полицијата укажа дека човечка одговорност е да се помогне на повредените, но и дека има казнени мерки за оние кои нема да пружат помош.
Вежбата има за цел да ја подигне свеста кај пошироката популација, пред се кај учесниците во сообраќајот, за важноста од навремено укажување прва помош.
Припадниците на СВР Куманово, денеска во населбата „Перо Чичо“ поделија едукативни флаери за заштита од пожари и заштита на шумите од пожари, а воедно на непрописно паркираните автомобили на тротоарите оставија флаери кои се дел од проектот „Да ги вратиме тротоарите на пешаците“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари