Симптоми на труење со храна кај седум деца што јаделе во ФФМ
Седум тинејџери од 13 до 15 години добиле симптоми на труење од храна која ја консумирале вчера во трпезаријата на Фудбалската федерација на Македонија-ФФМ, соопшти вечерва Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) кој за случајот бил известен од Центарот за јавно здравје-Скопје.
Храната била обезбедена од кетеринг-служба на ДПТУ Форцашпед ДООЕЛ Скопје, Подружница Галакујна на бул. „Србија“ во Аеродром. Објектите на подружницата се веднаш затворени и забраната ќе трае додека не бидат обезбедени соодветни епидемсики мерки - генерално механичко чистење на просторот и опремата, дезинфекција од овластена здравствена установа, вонреден санитарно-хигиенски прегледи на вработените и контролни брисеви од работни површини и опрема.
ДСЗИ соопшти дека децата побарале лекарска помош во приватна поликлиника во Скопје. Имале повеќе симптоми кои се јавиле околу 6 часот утрово: гадење, тежина во стомак, пролив, главоболка, вртоглавица, но со полесна клиничка слика.
- Од вкупно 54 деца, тројца тренери, еден доктор кои јаделе од истата храна, на тегоби се пожалиле 45 деца. Шест од децата кои не ја консумирале истата храна немаат вакви тегоби. Сите заболени во епидемиолошката анкета дале податок дека претходниот ден, 9 август, консумирале ручек и вечера во трпезаријата на ФФМ, информираше Инспекторатот.
Негови и екипи од Центарот за јавно здравје и инспектори од Агенција за храна и ветеринарство денеска извршиле вонреден инспекциски надзор во Подружницата Галакујна и констатирале дека има санитарни книшки за седум вработени со уредно извршени здравствено-хигиенски прегледи, а во јуни годинава била извршена превентивна дезинфекција, дезинсекција и дератизација.
Во тек на надзорот, како што се наведува во соопштението, земени се материјали за бактериолошки мониторинг, односно брисеви и мостри од храна.
(МИА)
Ново на Сител
-
Во Софија средба на историчката комисија - Се разговарало за евентуални заеднички чествувања и дискусии за учебници
-
Тема на денот со Коце Трајановски, Директор на ЈП државни патишта
-
Одземени спорните записници од Судски, Мицкоски најавува десетици други акции
-
Обвинителството собира докази за Груби и Беџети
-
Евроабасадорот Рокас ги поддржува активностите за расчистување со корупцијата
-
Ахмети пак се закани - Мицкоски не е загрижен
-
По јазикот проблем и химната
-
Светска Банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19%, но и покасно одење во пензија