Македонија
24. April 2020 - 10:09

Симптоми на корона вирус кои ги имаат заболените во земјава

Според последните официјални податоци за Ковид-19 во земјава , регистрирани се вкупно 1.300 лица кои се позитивни на коронавирус.

Како што беше објавено од Министерството за здравство во Македонија најчесто се регистрирани пациеннти со следните симптоми:

-Температура (64,7%), кашлица (53,1%), малаксаност (34,1%), треска (19,2%), главоболка (16,9%), болка во грло (16,2%) и отежнато дишење (14,1%).

Според податоците кај  449 или 34,5% од заболените не се регистрирани никакви симптоми на заболувањето.

Инаку вчера беа регистрирани 29 излекувани пациенти. Од нив 4 пациенти од болничко лекување и 25 кои се лекуваа во домашни услови.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1.300 лица.

Досега во земјата се направени вкупно 13649 тестирања на Ковид -19.