Македонија
9. December 2015 - 17:24

Симпозиум за 100 годишнината од Првата Светска Војна

Во ерата на глобализацијата луѓето се помалку имаат време за читање книги и осознавање на историјата, и поради тоа архиварите и историчарите треба да ги извадат на виделина старите сведоштва, посочи претседателот на РМ Ѓорѓи Иванов во своето обраќање на симпозиумот на тема  “100 годишнината од Првата светска војна, фронтот Чанаккале и нивните глобални последици”.

Директорот на Државниот архив на Република Македонија д-р Филип петровски потенцираше дека ваквиот симпозиум е вистинска можност за осветлување на историските факти кои некогаш се заборавени случајно, а некогаш намерно.

Во склоп на симпозиумот, вечерва Државниот архив на Македонија ќе организира изложба со наслов “Одбележување на стогодишнината од распрчувањето на Македонија и од Првата светска војна”, која ќе опфаќа фотографии, документи и материјал кои се помалку познати за јавноста.