Симпатизерите на Движењето Пет ѕвезди ја прифатија идејата за приклучување кон евролибералите во ЕП

Симпатизерите на евроскептичното италијанско Движење Пет ѕвезди ја прифатија идејата на неговите европратеници да ја напуштат парламентарната група на евроскептиците во Европскиот Парламент и да се приклучат кон групата на европски либерали.
Идејата беше иницирана од основачот на движењето Бепе Грило.
При онлајн гласањето 78,5 отсто од симпатизерите ја поддржаа промената.
Досега Движењето Пет ѕвезди беше во парламентарната група наречена Европа на слободата и директната демократија, а во неа е и Партијата на независноста на Обединетото Кралство на Најџел Фараж.
- Да останеме во таа група значи следните две и пол години да ги минеме без заедничка политичка цел, истакна Грило.
- Последните случувања во Европа, како на пример Брегзитот, не принудуваат да ја преиспитаме природата на оваа парламентарна група. Со неверојатен успех во кампањата „Напуштање на ЕУ“ партијата за независност на Обединетото Кралство ја постигна нејзината политичка цел - излез од ЕУ. Фараж веќе се откажа од лидерството и англиските европратеници ќе го напуштат ЕП до следните избори, дополни Грило, наведувајќи дека така неговото движење ќе остане изолирано во ЕП.
Сега пратениците на Грило во ЕП ќе се приклучат кон Алијансата на либералите и демократите за Европа.
На тој начин таа група ќе стане трета по големина во ЕП, по оние на Европската народна партија и групата на социјалистите и демократите.
Одлуката за промена на парламентарната група е пресврт во ставот на Грило. Тој се заложи за референдум во Италија за откажување од еврото, а евролибералите се токму оние кои го штитат еврото и поголемата европска интеграција.
Ново на Сител
-

Ново големо невреме од Црна Гора се движи кон Македонија
-

20-тина повредени по силното невреме во Скопје, надлежните ги санираат штетите
-

Герасимовски: Сите служби на Општина Центар максимално мобилизирани по силното невреме, отворени телефонски линии
-

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ од невремето во Скопје
-

Шест повредени во невремето во Скопје примени во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
-

Над 1000 повици од граѓани во ЦУК по невремето во Скопје
-

Невремето го откорна кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, активиран Кризниот штаб на Гази Баба
-

Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар
