Ракомет
26. September 2017 - 9:11

Симовски: Одигравме три корисни натпревари

Женската ракометна репрезентација на Македонија по враќањето од Турција каде учествуваше на турнир ги продолжи подготовките за квалификациските дуели за Европското првенство 2018 против Шведска во четврток и против Србија во недела. Селекторот Симе Симовски вечра одржа и тренинг, со присуство и на ракометарки кои не настапија во Анкара.
-          Секој турнир од овој карактер е добредојден особено со селекции од наш ранг – Турција и Италија. Одигравме три корисни натпревари, сакаме наш систем на игра да наметнеме, но не оди брзо. Со Турција (прв натпревар) добро игравме 25 минути, а при нерешен резулат промашивме зицери, можеше и да водиме, па загубивме. Во вториот дуел игравме пак со истиот ривал, иако требаше да биде Турција Б тим. Заврши нерешено 28:28. Со Италија лошо почнавме без помош на голманите, но со неколку промени „фативме“ приклучок. Во вториот дел заигравме подобро и победивме. Турнирот беше добар за нас за дуелите со Шведска и Србија, изјави Симовски.
За претстојните дуели со Шведска и Србија селекторот напомена:
-          Шведска - ни е константен противник, двата тима (Шведска и Србија) се фаворити на хартија, на терен се може да се случи. Важен е нашиот пристап и со тренинзите и очекувам да имаме подобра игра која ќе даде резултат. Ќе сакаме да дадеме гол повеќе и да не примиме толку голови. Србија е селекција која е со голем квалитет настапува на ЕП и СП.
 
Поради повреда од репрезентацијата овојпат отсуствува Мирјета Бајрамовска. Репрезентација до првиот дуел од квалификациите ќе тренира уште утре во Скопје, а за Шведска се патува во среда наутро.