-->
-->
Симовски: Одигравме три корисни натпревари
-->
Женската ракометна репрезентација на Македонија по враќањето од Турција каде учествуваше на турнир ги продолжи подготовките за квалификациските дуели за Европското првенство 2018 против Шведска во четврток и против Србија во недела. Селекторот Симе Симовски вечра одржа и тренинг, со присуство и на ракометарки кои не настапија во Анкара.
- Секој турнир од овој карактер е добредојден особено со селекции од наш ранг – Турција и Италија. Одигравме три корисни натпревари, сакаме наш систем на игра да наметнеме, но не оди брзо. Со Турција (прв натпревар) добро игравме 25 минути, а при нерешен резулат промашивме зицери, можеше и да водиме, па загубивме. Во вториот дуел игравме пак со истиот ривал, иако требаше да биде Турција Б тим. Заврши нерешено 28:28. Со Италија лошо почнавме без помош на голманите, но со неколку промени „фативме“ приклучок. Во вториот дел заигравме подобро и победивме. Турнирот беше добар за нас за дуелите со Шведска и Србија, изјави Симовски.
За претстојните дуели со Шведска и Србија селекторот напомена:
- Шведска - ни е константен противник, двата тима (Шведска и Србија) се фаворити на хартија, на терен се може да се случи. Важен е нашиот пристап и со тренинзите и очекувам да имаме подобра игра која ќе даде резултат. Ќе сакаме да дадеме гол повеќе и да не примиме толку голови. Србија е селекција која е со голем квалитет настапува на ЕП и СП.
Поради повреда од репрезентацијата овојпат отсуствува Мирјета Бајрамовска. Репрезентација до првиот дуел од квалификациите ќе тренира уште утре во Скопје, а за Шведска се патува во среда наутро.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пукано кон канцелариите на Камала Харис во Аризона
-
ЦУК: 1.708 повици на 112 во последното деноноќие
-
Продолжуваат превирањата околу Предлог-законот за бранителите
-
Уставниот суд ќе одржи седница
-
Сиљановска Давкова заедно со претставници на земјите од Западен Балкан на работен ручек со еврокомесарот Борел
-
Зеленски скептичен за преговори со Русија
-
Трамп: САД треба да се повлечат од војната во Украина
-
Вучиќ ги обвини западните земји дека ги кршат нормите на ОН