Симовски: Ќе се попишуваат сите присутни и отсутни државјани
Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во гостувањето на Сител рече дека со пописот се дава можност да бидат попишани сите државјани на Македонија без разлика дали се присутни или отсутни од државата.
Според него, ќе се попишуваат и странските државјани кои престојуваат во Македонија, освен дипломатскиот кор и на лица кои што немаат документи.
-Тука не се мисли на странци кои немаат македонски документи, туку на лица, околу 1.100 лица ако не се лажам кои се евидентирани од страна на МВР и Министерството за труд и социјална политика. Тоа се лицата што ги попишуваме, меѓутоа, друга работа што значат категориите на население. Согласно дефинициите од Обединетите нации постојат три категории на население. Првата, главна која што е многу важна е т.н. вкупно или резидентно население, рече Симовски додавајќи дека во оваа категорија влегуваат македонските државјани кои се присутни во државата, оние кои не подолго од една година се во странство и странските државјни кои се присутни во државата повеќе од една година.
Втората категорија, вкупно нерезидентно насление го сочинуваат лицата кои што ќе се попишат, но се македонски државјани кои повеќе од една година се во странство и странци кои живеат помалку од една година во државата.
Тој преку пример посочи како ќе изгледа попишувањето на лицата кои се македонски државјани, а се надвор од државата.
-Не давате само матичен број. Апликацијата прво не овозможува нецелосен прашалник. Таму има околу 50-60 прашања за лицата. Нормално, зависи од тоа дали лицето е вработено, дали е ученик, студент, возрасно лице, пензионер... Има сет на прашања кои што не се одговараат. Сите тие прашања мора да бидат одговорени. Значи, не може вие да дадете само име, презиме, матичен број, адреса и етничка припадност. Мора да има полн прашалник, не може да се прифати половичен прашалник. Тоа е првата работа. Дури и да измислите некои факти, да кажете погрешни факти, ние ќе го попишеме тоа лице, рече Симовски, појаснувајќи дека штом податоците стигнат до ДЗС, се појавува аларм дека тоа лице треба да се провери.
Според него, проверката ќе се прави со сите дата бази кои се достапни.
Симовски рече дека сите оние кои ќе дадат лажни информации за време на пописот ќе одговараат.
Ново на Сител
-

Уапсен 32-годишник кој украл вкупно 12 велосипеди на подрачјето на Скопје
-

Уапсен вишиот јавен обвинител од Битола, Пецо Везироски
-

Николоски: Владата работи на развој на Коридорите како стратешка предност за економска и политичка стабилност
-

Мицкоски: Ќе дојде денот кога лидерите од опозицијата ќе се срамат од тоа што им го прават на Македонија и Македонците
-

Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди - опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% годинава
-

Акциска контрола на возила за јавен превоз - за пет часа констатирани 92 неправилности
-

Претрес во Гостивар, пронајдени автоматски пиштол „Шкорпион“ и муниција, уапсено едно лице | ФОТО
-

Јустина Широка Пуља избрана за претседателка на Косово
