-->
-->
Симовски: Генерално сум задоволен
-->
Женската ракметна репрезентација на Македонија со два пораза го комплетираше 4.коло од квалификациите за Европското првенство во Шведска на крајот од годината. Сепак, по лошиот настап во Марибор во четвртокот, избраничките на селекторот Симе Симовски одиграа многу подобро и Словенија до последниот наш напад стравуваше за победата.
- Генерално сум задоволен, имавме многу повеќе дисциплина во споредба со дуелот во Марибор. Игравме добро, особено во одбраната, она што се договаравме го остваривме и штета што не дојде резултатот. Но, уште еднаш оваа генерација покажа дека има многу потенцијал, но потребни ѝ се многу натпревари и многу работа за уште да напредуваат. Со работа сѐ се може, изјави селекторот за спортскиот портал Спортмедиа.
Следниот натпревар Македонија го игра на 2.јуни во Скопје против силната репрезентација на Црна Гора.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Акција на МВР: Разбиени картели во Арачиново и Чаир
-
Агелер не е изненадена што Груби се најде на ,,црната листа''
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Мерко именувал библиотекар за директор на училиште
-
Законот за интонирање на македонската химна денеска пред пратениците: Јаневска очекува да добие поддршка
-
Дурмиши: Новогодишната кошничка ќе донесе заштеди над 1200 денари месечно
-
Депонијата Буково полна со отровен отпад
-
Преглед на вестите од светот