-->
-->
Симоновски пак се врати во МЗТ Скопје
-->

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Марко Симоновски (27 год, 191 см), во новата сезона повторно ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, објави клубот на својата интернет страница. Симоновски минатата сезона играше за Куманово, а во кариерата играл и за Вардар, Работнички, Фени индустри како и за австрискиот прволигаш Аркадија лајонс.
Марко Симоновски, втор пат во кариерата ќе биде дел од тимот на МЗТ, пред две сезони тој беше избран за најкорисен играч (МВП) на финалната плејоф-серија (заедно со Сеад Шеховиќ), кога имаше просек од 7,8 поени и 2,2 скока во АБА-лигата односно 9,4 поени и 2,4 скока во домашното првенство.
Инаку, Симоновски е на списокот на играчи кои конкурираат за место во репрезентацијата, но сеуште им се нема приклучено на соиграчите кои се подготвуваат за квалификациските натпревари, поради повреда на грбот.
Симоновски е четвртиот кошаркар кој потпиша за МЗТ Скопје Аеродром во летниот преоден рок и тоа по Холанѓанецот Шарлон Клоф, Американецот Џош Скот и повратникот во екипата, Србинот Ѓорѓе Дреновац.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија
-

Јаневска: Ценам дека резултатите се објективни - Просечната оценка од матурата – 3.66
-

Ручекот во ресторани и сместувањето во Охрид се поскапо
-

МВР ќе истражува како бугарските пратеници влегле во Македонија и покрај забраната
-

Тема на денот со Зоран Трифуновски, организациски секретар на СДСМ
-

Сител зад сцената: На генерална проба на музичко-сценскиот перформанс за 35 години независна Македонија
-

Европските реки се сушат: Има ли ризик за македонската струја?
-

Пеколни горештини во земјата – Избегнете ги здравствените ризици
