Симона Угриновска - нов в.д. директор на МНТ
По оставката на в.д. директорот на Македонскиот народен театар Драган Спасов-Дац, Министерството за култура за нов в.д. директор ја назначи Симона Угриновска која, согласно со законот, е од вработените во театарот, продуцент во МНТ.
- Таа ќе ја извршува функцијата до распишување на конкурсот за нов директор. Како и во другите институции, согласно со измените на законите за култура и за државна администрација, прво треба да се изврши промена на статутите, а потоа да се пристапи кон распишување на конкурсите. Процедурата може да потрае еден до два месеца, рече министерот за култура Роберт Алаѓозовски одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.
Драган Спасов поднесе оставка и Министерството му ја прифати откако на 30 јануари со возило повреди пешак.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце
-
Приватните специјализанти освен повисоки плати и здравствено осигурување бараат и системски решенија