Симитис: Националниот интерес налага решение на спорот за името
Поранешниот грчки премиер од редовите на ПАСОК, Костас Симитис, преку соопштение ги коментира односите меѓу Македонија и Грција или како што пишува „проблемот на нашата земја со ПЈРМ“. Тој, јавува дописникот на МИА од Атина, смета дека националниот интерес налага решение на спорот.
- Предуслов за просперитет на Грција е добрата комуникација со нејзиното балканско опкружување. Тоа го кажува историјата. Според тоа, националниот интерес налага решение за проблемот што ги отежнува нашите односи со ПЈРМ. Околностите отвораат можност за успех, доколку постојат сериозни и одговорни преговори врз основа Времената спогодба. На националпопулизмот треба да му се спротивставиме со политичка волја, одговорност и свесен патриотизам, вели Симитис во пишаната изјава.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости