-->
-->
Симболичен штрајк на грчките земјоделци
-->
Грчките земјоделци денеска ги продолжуваат нивните протести со симболични блокади на патиштата, кои не се одразуваат многу на сообраќајот.
Земјоделските здруженија се подготвуваат за масовен протест во Солун на 3 февруари за време на големиот земјоделски саем Агротика.
Фармерите бараат реална проценка на нивните приходи при оданочувањето, да бидат ослободени од обврската да ги осигураат имотите и намалување на старосната граница за пензионирање на 60 години за мажи и 55 за жени.
Дополнителни нивни барања се однесуваат на загарантираните цени на земјоделските производи, бесплатна здравствена заштита, повисоки пензии и создавање на државен фонд кој ќе ги надоместува нивните штети во целосен износ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава
-
Мајката на починатата студентка од Кавадарци во Штип лани измасакрирала и запалила човек