„Силно светнал ден“ во Охрид: 35 години Македонија раскажани низ музика и сцена

Македонија синоќа во Охрид почна да ја раскажува својата 35-годишна приказна низ музика, стих, театар и современ сценски израз. На стадионот „Билјанини извори“ започна големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, во кој повеќе од 30 изведувачи ги споија различните генерации, жанрови и музички јазици во приказна посветена на 35 години независност.
Низ музички настапи, театарски извадоци, поезија и современ сценски израз, спектаклот го поврза минатото со сегашноста и различните генерации со заедничката културна и колективна меморија.
Приказната за Македонија низ различните времиња и генерации ја водеше Игор Џамбазов, во улога на домаќин и раскажувач, водејќи ја публиката низ личности, стихови, книжевни дела и музика што оставиле траен белег во македонската култура.
Стиховите и мислите на Блаже Конески, Кочо Рацин, Крсте Петков Мисирков и Гоце Делчев оживеаја пред публиката, со извадоци од македонската книжевност и познати музички рефрени кои ги премостија различните епохи и генерации.
Од фолк-рефрените до операта, од рокот до хип-хопот, од големите имиња на македонската естрада до најмладите музички гласови – сцената на „Билјанини Извори“ синоќа ги собра различните лица на македонската музика.
Различните генерации, жанрови и музички јазици се вкрстија во спектаклот, во кој 35-те години независност не беа претставени само како хронологија, туку како жива приказна во која минатото разговара со сегашноста, а културното наследство со современиот израз.
Од Охрид, „Силно светнал ден“ го започна своето патување низ Македонија, кое ќе продолжи во уште 11 градови.
Единаесет градови, 35 години независност и една приказна – македонската – која продолжува да се пишува.
МИА
Ново на Сител
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
-

Експертите сугерираат: Да не се кратат капиталните расходи, да се зголеми наплатата на приходи
-

Проф. Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил
-

МПЦ слави празник на сите македонски светители и 40 години јубилеј од Архиерејската служба на поглаварот г.г Стефан
-

„Розев пикник појадок“ за кревање на свеста за ракот на дојка
-

Постојаните осцилации на езерото негативни за живиот свет
-

165 шумски пожари годинава, штетите проценети на 10 милиони евра
-

Каранфилова Пановска: Бараме дополнителни 10 денари за килограм ориз
