-->
-->
Силно невреме во западна Македонија и во гевгелиско
-->

Во моментов изразена нестабилност проследена со грмежи и врнежи југозападно од Битола и по правец на движење треба да го зафати јужниот дел на Пелагонија, а нестабилност има и во гевгелиско, јави УХМР.
Според метеоролозите денеска облачноста постепено ќе се зголемува и околу пладне и попладне места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. На повеќе ќе има услови за појава на невреме проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер и можна појава на град. Кон крајот на денот времето постепено ќе се стабилизира.
Во Скопје околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 31 степени. УВ= 6. Метеоролошки параметри за Скопје: T= 30 °C, P= 983 hPa, U= 48 %, V= 3 m/s. (Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Обвинителството бара притвор за осуммина за проневерата на милиони во ФФМ
-

Доктор и медицинска сестра од клинички сакале да шверцуваат ботокс од Република Кореја
-

Почнаа преговорите за владина реконструкција - денеска со ВРЕДИ, утре со ЗНАМ
-

Еврометар 2026: Расте оптимизмот за демократијата и евроинтеграциите
-

Државата си прави монопол со својата лотарија, остри реакции за предлог законот за игри на срекја
-

Граѓаните да инвестираат во Чербен, наместо да купуваат станови - предлог на Ристов
-

ДКСК со нов план против корупцијата и судирот на интереси
-

Безбедносна конференција во Скопје
