Силно невреме синоќа зафати поголем дел од Албанија
Невреме проследено со обилен дожд, силен ветер, електрични празнења и град, погоди синоќа поголем дел од Албанија.
Најпогодени се Тирана, Драч, Елбасан, Корча и Булќиза, каде улиците беа преполни со вода, која навлегла во подрумски простории, има искршени гранки од дрвја, паднати делови од покриви, уништени земјоделски посеви, објавија медиумите.
Во повеќе области има прекин во снабдувањето со електрична енергија поради искинати електропроводници.
Поради силното невреме полицијата упати повик до жителите на Тирана до раните утрински часови да не излегуваат од своите домови, а за итна потреба да се јават на телефонскиот број 112, објавувајќи и видеозапис од невремето на страната на Фејсбук.
Од Агенцијата за државни патишта апелираат на внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација поради влажните коловози и одрони на дел од нив.
Според медиумите обилните дождови ги изгаснале десетината пожари, меѓу нив и оној во планинскиот предел над Булќиза кој беснееше со денови. вт/сд/Фото: албанска полиција .
Ново на Сител
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени
-
Компаниите од штипската тир зона не се заинтерсирани за вклучување во дуалното образование
-
Дел од еколозите против издавањето на езерото под концесија
-
Преглед на вестите од светот