Силните ветрови ја отежнуваат борбата против шумските пожари во Калифорнија
Тропската бура Кеј се упати кон Јужна Калифорнија, носејќи силни планински ветрови, висока влажност, дожд и закана од поплави во областа веќе зафатена од шумски пожари и необичен топлотен бран.
Пожарникарите стравуваат дека силните ветрови би можеле да го рашират големиот пожар„Фервју“ на 70 милји (113 километри) од Сан Диего, а синоптичарите велат дека променливото време конечно ќе стави крај на топлотниот бран во државата. Тропската бура Кеј, која првично беше категоризирана како ураган, се очекува да продолжи северно од полуостровот Долна Калифорнија во Мексико, а потоа да помине на запад без да дојде во Јужна Калифорнија, но сепак да влијае на неа.
Националната метеоролошка служба на САД издаде предупредување за поплави во јужна Калифорнија, Аризона и јужна Невада.
Ново на Сител
-
Кршел по дома и фрлал предмети кон полицајци, приведен жител на Драчево
-
Ќерка го истепала својот татко
-
Пожар во стан во Аеродром, едно лице повредено
-
Жената лидер – жената бизнисмен | Ирена Јакимова | Личен развој | Sitel Podcast 064
-
Во Словенија деактивирана бомба од 104 килограми од Втората светска војна
-
По сообраќајката нормализиран сообраќајот на патниот правец Кичево - Гостивар
-
Суспензии и парични казни за Работнички и МЗТ Скопје Аеродром
-
Застапувал странки иако адвокатската функција му била во мирување, кривична за охриѓанец