Силна експлозија во каналот Ибар-Лепенец во северно Косово, прекинато водоснабдувањето во регионот на Митровица
Силна експлозија се случи синоќа во селото Варага во Зубин Поток, северно Косово, од која е оштетен водоснабдувачкиот систем Ибар-Лепенец во тој регион, јави дописникот на МИА од Приштина.
Веста во изјава за медиумите ја потврди заменик директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани.
- Да, се слушна експлозија во каналот за вода и полициските екипи работат на што поскоро расчистување на случајот, изјави Елшани.
Извори од косовското обвинителство изјавија за ТВ Коха дека првичните сомнежи се оти експлозијата имала за цел „да ја оштети критичната инфраструктура на Косово со цел да го блокира протокот на вода што се користи за ладење во процесот на производство на електрична енергија во термо-електраните Косова А и Косова Б“.
Регионалното водостопанство „Митровица“ соопшти дека е прекинато снабдувањето со вода за пиење поради оштетување на дел од каналот Ибар-Лепенец.
Претпријатието ги повика граѓаните да обезбедат резерви на вода за пиење. Во последните два дена имаше уште неколку инциденти на косовскиот север, населен со мнозинско српско население.
Во Звечан бомби беа фрлени врз полициската станица и во дворот на општината. По овие два напади, косовската полиција вчера соопшти дека ги зголемила безбедносните мерки на ниво на државата.
Ново на Сител
-
Трамп повика на средба меѓу Украина и Русија во Турција оваа недела
-
ПМФЛ: Вардар го доби Работнички во градското дерби
-
Македонија ја совлада Литванија и се пласираше на ЕП 2026
-
Куче врзано за кола и влечено во Крива Паланка
-
Малолетничка пријавила дека доктор ја допирал по телото на клиниката „Мајка Тереза“
-
Папата Лав Четиринаесетти ги повика светските сили да ги прекинат сите војни
-
Мицкоски: Следната недела ќе имаме завршна средба со Таравари, Владата е стабилна и фокусирана на проекти
-
Вандали ја саботирале електричната инсталација во штипската модуларна болница