Македонија
14. September 2020 - 13:56

Силјановска до Костадинов: Немате поим од право, Костадинов возврати: Професорката е фрустрирана

Професорката Гордана Силјановска во расправата по одлуката за составот на работните тела дека мора да има и одлука за бројот на работните тела бидејќи овој состав е свој и различен од претходниот, по дофрлање од пратеничките клупи од власта возврати:

Не ми климајте со главата оти од право немате поим. 67 подготвени пратеници ги имате извежбано сега да креваат рака.

Силјановска всушност му коментираше на Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и претседател на Комисијата за избори и именувања.

Костадинов пак возврати дека професорката е фрустрирана.

Очигледно парламентот го користи како лек за нејзините фрустрации, а еве и зошто: Бидејќи на избирачко место доби резултат 500 гласа за нејзиниот противник наспроти нула за нејзе. Очигледно на граѓаните им е поважно да знаат помалку за право отколку за криминал со фришопови, рече Силјановска.

 

Катерина Нешкова